fbpx
16.8 C
Skopje

Мартин убиен од негов пријател?

АКТУЕЛНО

Според неофицијални информации, во Мартин Јанушев пукал негов пријател кој и од порано и е познат на полицијата, по серија најтешки кривични дела за кои одлежувал и затворска казна. Од МВР се уште не може да се добие ниту потврда ниту демант на оваа информација. Според некои медиуми полицијата го знае идентитетот на напаѓачот и трага по него. Дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој вчера со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром спортската јавност го памети последно како играч за фудбалскиот клуб Локомотива. Мартин е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври, пишува СпортМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -