3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Уапсен главен инспектор во МВР, украл златен накит при увид за кражба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Ж.И. ,вработен во Секторот за внатрешни работи Скопје, како главен инспектор поради постоење на основани сомненија дека со искористувањето на своите службени овластувања сторил кривично дело – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

МВР соопшти дека Ж.И. ја искористил својата службена позиција во тек на вршење на работна задача – увид во случај на тешка кражба во куќа – со намера да прибави за себе противправна имотна корист, неовластено одзел златен накит со што го извршил посоченото кривично дело.

По налог на ОЈО Скопје лицето е лишено од слобода и е предадено на надлежен ЈО за понатамошна постапка.

Од страна на МВР против Ж.И. е поведена дисциплинска постапка и тој е суспендиран од работното место.

поврзани објави

Последни објави