30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Управниот суд ги заврши седниците по жалбите за вториот круг од изборите

Управниот суд ги одржа сите седници по жалбите поднесени за вториот круг од локалните избори. Во тек е изготвувањето на одлуките кои ќе се објавуваат на веб страницата на судот. Според последната одлука, тужбата од Народното движење на Македонија се отфрла како неоснована. До Управниот суд беа поднесени 16 тужби. Единаесет од нив беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

 

поврзани објави

Последни објави