13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Белгиското Обвинителство разгледува налог за апсење на Пуџдемон

Белгиското Јавно обвинителство потврди дека го разгледува шпанскиот налог за апсење на разрешениот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон и четворица членови на неговиот Кабинет, кои нe се појавија пред Врховниот суд на Шпанија на закажаното сослушување по обвинијата за бунт, поттикнување на бунт и злоупотреба на јавни фондови. Белгискиот министер за правда Коен Генс претходно најави дека Владата на Белгија нема да има влијание на иднината на Пуџдемон, додавајќи дека европскиот налог за апсење што го издаде Шпанија е „целосно легална постапка“. Се претпоставува дека Пуџдемон престојува во Белгија, откако по одлуката на Мадрид да го активира членот 155 од Уставот на Шпанија, со што ја укина автономијата на Каталонија и воведе директна управа над регионот, тој и членови на неговата разрешена Влада ,инатиот викенд допатуваа во Брисел. Пуџдемон во петокот за белгиската државна телевизија РТБФ изјави дека е подготвен да соработува со правосудните власти на Белгија, кои, според него, за разлика од шпанските, не се политизирани.

 

поврзани објави

Последни објави