fbpx
6.8 C
Skopje

Во Струмица згазен пешак, сторителот се дал во бегство

АКТУЕЛНО

Во текот на вчерашниот ден околу 04,30 часот на регионалниот пат Струмица-с.Банско, на излез од с.Куклиш, се случила сообраќајна незгода по која починал 72-годишниот А.А од селото Куклиш.

До несреќата дошло откако непознато возило управувано од засега непознат возач удрило во пешакот А.А. од с.Куклиш, кој од здобиените повреди починал, а возачот го напуштил лице местото. У

вид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Струмица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.  Сторителот откако се дал во бегствот, се уште е недостапен за надлежните.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -