23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Клетва го прати Мората: Го предупредуваа за проклетата “деветка“, но не слушаше…

Алваро Мората летото пристигна во Челси од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра, а сега кажа и приказна за почетокот на кариерата во лондонскиот клуб. Шпанскиот напаѓач во Челси дојде како замена за протераниот Диего Коста. Како прв напаѓач на тимот тој сакаше да го земе бројот “девет“. Но, сите во клубот пробаа да го предупредат дека тој број не носи среќа потсетувајќи се како претходно го носеа Матеј Кежман, Стив Сидвле, Франко Ди Санто, Фернандо Торес и Радамал Фалкао. Со други зборови, играчи кои во лондонскиот клуб се брзо означени како грешка и ниту приближно не ги исполнија очекувањата.

“Тоа е една од вистинските работи кои ми ги кажаа кога пристигнав во клубот“, рече Мората за FourFourTwo и продолжи:

“Соиграчите ме молеа да не го земам тој број бидејќи бил проклет, но јас сепак го сакав“.

“Веќе направив неколку работи како би го симнал проклетството од тој дрес кој наводно носи несреќа. Но, нема шанси да откријам што направив бидејќи на тој начин клетватата би се вратела!“

Се чини дека Мората навистина ја прекина својата негатива од своите претходници со бројот девет бидејќи во почетните осум кола постигна дури седум голови. Сепак, неговата форма во последно време падна поради што остана без погодок на последните шест натпревари.

поврзани објави

Последни објави