13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Сите дресови на „Адидас“ за мундијалот во Русија (ФОТО)

Германскиот бренд за спортска опрема „Адидас“, ги претстави дресовите на осумте „нивни“ репрезентации кои обезбедија пласман на Светското првенсво во Русија 2018 година. Дизајнерите инспирирани од поранешни униформи ги усогласија иновациите на 21. век со ретро дизајн.

Германија 

Актуелниот светски првак, репрезентацијата на Германија го враќа најпретпознатливиот стил од 1990 година, кога на мундијалот во Италија под името Западна Германија по трет пат го освоија најпрестижниот трофеј во светот.
Фото

Русија

Новиот дизајн на домаќинот Русија е инспириран од дресот на Советскиот сојуз кој го носеше на Олимписките Игри во 1988 година во Селу, Јужна Кореја, со кој го освои златниот медал.

Фото

Аргентина

Дресот на Аргентина е во чест на 125. годишнината од формирањето на нивната фудбалската федерација, па изгледот е класичен, бел со светло сини вертикални линии

Фото

Шпанија

Шпанија со ретро дизајнот се навраќа 24 години наназад, кога репрезентацијата го носеше еден од најпознатите дресови на СП 1994 година во САД

Фото

За ова повеќе на Екипа.мк (Извор Екипа)

поврзани објави

Последни објави