25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Човекот кој многумина го критикуваа конечно го напушти Челси

Челси денеска остана без техничкиот директор Мајкл Еменал кој одлучи да ја напушти својата функција после цели десет години.

Овој 52. Годишни Нигеријец за време на својот 10 годишен работен период на Стемфорд Бриџ, а посебно во последните неколку години, беше честа мета на критики на незадоволните навивачи, но и на бројни спортски аналитичари кои сметаа дека тој е најголемиот виновник за неколку лоши и нелогични трансфери на Челси.

Иако е факт дека тој треба да носи одговорност поради заминувањето на фудбалери како Де Брујн, Салах, Лукаку или Матиќ, Еменал имаше и доста добри потези и беше вистински љубител на Роман Абрамович, кој го сметаше за човек од доверба.

Не е познато поради што Еменало одлучил да го напушти  Челси, но првата информација од Лондон говори за тоа дека тој ќе добие работа во Монако, за која бил исклучително заинтересиран.

поврзани објави

Последни објави