2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Изложби, книжевни средби, меморандум на Деновите на словенечка книжевност во НУБ „Св.Климент Охридски“ -Скопје

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје​ во соработка со ​​Народната и универзитетска библиотека од Љубљана​, ​денес ја организира манифестацијата „Денови на словенечката книжевност во Република Македонија”. Во присуство на амбасадорот на Република Словенија во Македонија проф.др Милан Јазбец предвидено е првите луѓе на народните и универзитетски библиотеки од двете земји да потпишат ​нов договор за соработка кој ќе претставува важен импулс во зацврстувањето на културните врски меѓу ​националните библиотеки на Република Македонија и на Република Словенија.  Во рамките на манифестацијата ќе се одржи и книжевна средба со афирмираните словенечки ​автори​​ Иво Светина, претседател на Друштвото на словенечки писатели, Јуриј Худолин и Станка Храстељ​. Посетителите ќе можат да ја посетат и​ изложба на книги од автори од Словенија преведени на македонски јазик, објавени во Република Македонија во ​периодот од 1991 до 2017 година. Вечерта пак, во галеријата „Остен“, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од словенечки сликари од колекцијата Остен – Музеј на цртеж.

поврзани објави

Последни објави