Наставник со иницијални 3.К. на 50 годишна возраст, вработен во основното училиште „26-ти Јули“ во текот на вчерашниот ден презеле добро познати и стари воспитни мерки за ученик.
Имено горе наведениот, физички гнападнал 12- годишен ученик. Според пријавата, тој го удрил детето во пределот на лицето, со што му нанел видлива повреда во вид на црвенило од левата страна на образот.
По пријава на таткото, А. Ј. (28), исто така од Скопје, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.