fbpx
16.8 C
Skopje

Лионел Меси откри која репрезентација сака да ја избегне на Светското првенство

АКТУЕЛНО

Ѕвездата на Барселона Лионел Меси призна дека би сакал да ја избегне репрезентацијата на Шпанија бидејќи таа би била тежок противник.

И покрај големите проблеми со квалификациите за Светско првенство, Аргентина успеа директно да се квалификува во победата од последното коло.

Човекот кој на “Гаучосите“ им донесе победа во тоа последно коло е Лионел Меси, кој и во остатокот од квалификациите одработи голема работа за својата репрезентација. Тој во изјава за аргентинскиот TyCSports рече. “Би сакал да ја избегнеме Шпанија во групната фаза на Светското првенство бидејќи се доста тежок противник.“

Шпекулациите за неговата иднина во Барселона се поинтересни во последно време, земајќи го во предвид фактот дека уште не го продолжи својот договор кој истекува следното лето. Сепак, призна дека му е желба да се врати во Newell’s Old Boys каде што ја започна кариерата.

“И понатаму сакам да играм за Newell’s Old Boys. Желбата за повторно играње во Аргентина секогаш ќе постои.“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -