-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ѓорчев во Виена се сретна со директорот на ИРИ за Европа

Влатко Ѓорчев на политичкиот самит на ИРИ во Виена, оствари средба со директорот на ИРИ за Европа и директорот на академијата на Австриската народна партија

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на политичкиот самит на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) кој се одржува од Виена.

Политичкиот самит на ИРИ за Европа се одржува во соработка со политичката академија на Австриската народна партија. На самитот учестуваат поголем број на учесници од САД, Франција, Полска, Словенија, Албанија, Србија, Чешка, Литванија, Естонија, Белгија и други земји.

Во рамките на самитот, Ѓорчев оствари средба со Јан Суротчак, директор на ИРИ за Европа. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со соработката со ИРИ, а ВМРО-ДПМНЕ е долгогодишен партнер со ИРИ, кој е близок до Републиканците во САД.

Исто така, Ѓорчев се сретна со Дитмар Халпер, директор на политичката академија на Австриската народна партија, со која што ВМРО-ДПМНЕ е заедно во Европската народна партија (ЕПП).

поврзани објави

Последни објави