Бразилскиот фудбалер Роналдињо повторно со своите потези ги воодушеви љубителите на фудбалот ширум светот.
Роналдињо веќе неколку години е без клуб, но уште официјално ја нема завршено својата кариера. Бразилецот продолжи да игра по хуманитарни натпревари, а синоќа со многу ѕвезди играше во Мексико.
Легендарниот фудбалер постигна феноменален погодок со кој покажа дека е голем мајстор, и дека уште ја поседува магијата во своите нозе.