Богатиот претседател на ПСЖ Насер Ел Келафи пред пет години вети дека еден ден ќе го има најсилниот тим на светот. Ова ветување изгледа се повеќе остварливо и реално, а следната година би можело да биде засилено со уште една ѕвезда.
Ѕвездата на Атлетико Мадрид Антонио Гризман веќе две години флертува со Манчестер Јунајтед, но напаѓачот на француската репрезентација истакна дека би му било задоволство да игра со Нејмар и Мбаппе, напоменувајќи дека тој би можел да биде следниот 100 + милионски трансфер во ПСЖ.
„Го сонувам денот кога ќе заиграм во таа напаѓачка тројка“, рече во блиско минато за француските медиуми.
Ако дојде Гризман, нема да има место за Едисон Кавани. Неговото его и онака е премногу големо кога станува збор за “тежината“ и “главниот“ играч на ПСЖ. По пристигнувањето на Нејмар во ПСЖ, се позачестени се судирите меѓу двајцата фудбалери, а мирот во куќата би бил зачуван само и само доколку на ваквите конфликти им биде ставен крај.
ЕВЕ КАКО БИ ИЗГЛЕДА ЕКИПАТА НА ПСЖ: