2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Османи и Димитров на средба со Хан: Македонија очекува позитивен извештај и чиста препорака од ЕК

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, задно со Министерот за надворешни Работи, Никола Димитров, во рамките на посетата на Брисел, имаа работна средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, каде беа отворени сите прашања поврзани со европската агенда на Република Македонија.

Османи реферираше за посветеноста на Република Македонија на реформскиот процес, наведувајќи ги одржаните локани избори, чие успешно спроведување, претставува круна на делот три од Планот 3-6-9. Османи потенцираше дека, по завршувањето на изборите, реформите се повторно во главниот фокусот на Владата чија интенција е, во целост да ги инкорпорира во Планот 3-6-9 сите забелешки и барања од страна на меѓународните партнери и истиот во целост да го имплементира. Тоа, заедно со отстранувањето и на останатите политички пречки на патот на европските интеграции на Република Македонија, Османи очекува да резултира со конкретни чекори од страна на Унијата, но и на земјите членки на Унијата, а во насока на визибилноста на европските перспективи на Македонија.

„Нашата намера е до крајот на оваа година да испорачаме солиден напредок во имплементацијата на реформите кој би ни обезбедил отстранување на условеноста на препораката, нешто што, соодветно на испорачаните реформи, очекуваме да резултира со позитивен извештај и чиста препорака од страна на Комисијата во Април, следната година.“ – истакна Османи. Тој додаде, дека соодветно на отстранувањето и на останатите, политички пречки за напредок во евроинтегративните процеси, како што се односите со соседите и внатрешните политички прашања, очекува и напредок од стана на Европскиот совет во Јуни/Јули, следната година, за кога се надева на одлука за почеток на преговори за полноправно членство во Европската Унија.

Османи го истакна новиот европски оптимизам кој Владее во Република Македонија, оптимизам кој се забележува и во целиот регион, а кој е сѐ поочигледен и кај поголемиот број земји – членки на Европската Унија. „За нас 2018 година претставува историска шанса кога сите коцки се наредени за да го направиме клучниот исчекор и конечно да го затвориме прашањето за НАТО и ЕУ“ истакна Османи.

Во рамките на посетата, Османи и Димитров имаа работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, каде реферираа за напредокот во исполнувањето на обврските кои потекнуваат од евроитегративните процеси, а утре треба да имаат средба и со Потпретседателката и Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини. Во агендата на Османи има и обраќање пред независниот тинк-тенк институт, Европски центар за политика (EPC), на тема, „Планот 3-6-9: понатамошно унапредување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ“, а на маргините на посетата ќе оствари средба и со Директорката за Западен Балкан во ГД НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

поврзани објави

Последни објави