Околу триесетина ученици се повредени во сообраќајна несреќа која што се случи утрово во 7:30 часот, на патот Демир Хисар – Кичево, откако автобусот со кој се превезувале учениците, се судрил со Комбе.
„Утринава се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар“, соопштуваат од МВР.
Според информациите со потешки телесни повреди се здобил возачот на автобусот, додека учениците поминале со телесни повреди. На истите им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Битола.