2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дал 8000 евра за работна виза за Австралија, останал и без пари, и без ветената виза

Битолчанец со желба да добие работна виза за Австралија, како за него, така и за фамилијата, кога согледал дека од ветеното нема ништо, ем останал без дадените пари, скоро 8000 евра, но и без виза.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.С. (33) од Сиднеј- Австралија со привремен престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“.

Пријавенииот, на почетокот на октомври годинава, му ветил на Ц.Д.(46) од Битола, дека за паричен надомест од 7.700 евра, ќе му извади работна виза за Австралија, за него и неговата фамилија.

По кратко време пријавениот му признал на оштетениот дека документите коишто ги спремил  се фалсификат и дека во Австралија му требале пари, па се договориле да му ги врати парите.

Првично, пријавениот, му вратил само 1.000 евра, додека останатите требало да ги врати до 23.10.2017 година, меѓутоа до моментот на поднесувањето на пријавата парите не му биле вратени.

поврзани објави

Последни објави