Средбата на претставниците на Грција и на Македонија со медијаторот Метју Нимиц што требаше да се одржи на 20-ти или 21-ви ноември е одложена и презакажана за декември. Причините за одложувањето на средбата засега не се посочуваат. На средбата, што беше закажа подолга пауза, според грчките медиуми, Нимиц требало да излезе со конкретен предлог за решавање на спорот.„Катимерини“, пак, најави дека вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи наредната недела ќе ја посети Атина каде што ќе разговара со високи претставници на грчките власти. Повикувајќи се на аналитичари, весникот информира дека се очекува средбите меѓу претставници на двете земји да се интензивираат на почетокот од следната година.