3.8 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

Тајната на успешната Борусија под раководство на Клоп: Излегувавме, но немавме девојки

Ако се прашувате што е тајната на успехот на Борусија на Клоп, одговорот може да се најде во зборовите на поранешниот фудбалер на овој клуб Илкај Гундоган.

Германецот за „Милионерте“ настапуваше од 2011 до 2016 година. Во овој период, Дортмунд беше еден од најатрактивните екипи, газеа се пред себе, и ова е потврдено од страна на две последователни титули во Бундеслигата (2010/2011, 2012/2013).

Гундоган, кој сега игра за Манчестер Сити, откри дел од биографијата на Клоп дека во Борусија тогаш владеело многу дружење и тоа бело едно од главните карактеристики на генерацијата, која уште ја сочинуваа Геце, Левандовски …

„По натпревар ние често излегувавме во клубови. Секогаш бевме најмалку десетмина. Многу од нас немаа девојки, така што само може да се замислите како изгледаше тоа … Следното утро, најчесто бивме пијани на тренингот и тоа беше јасно на сите. Мислам дека сме го правеле тоа во некои нормални граници и дека ова искуство не направи уште повеќе поврзани“, открива Гундоган.

Клоп го дозволуваше тоа затоа што резултатите беа добри. Еднаш ги построи играчите на тренингот и оддржа говор.

“Некој ми кажа дека некои од вас во текот на неделата биле излезени до утринските часови. Не знам кој и не ми е грижа. Се што ќе кажам е дека сите имавте среќа затоа што го добивте вчерашниот натпревар. Да не победевте, казната ќе бише најголем во историјата.“

Одличната атмосфера во тимот беше нарушена кога Клоп дозна дека Марио Гоце ќе се пресели во редовите на лутиот ривал Баерн.

„Тој ден вртев на интернет и видов наслови дека Геце потпишал за Баерн. Веднаш му пишував на Ројс, тие имаат исти менаџер, а исто така се и големи пријатели. Тој ги потврди информациите. Бев во шок. Малку ми фалеше да добијам некој срцев удар. Не можев да зборувам или да излезам негде со сопругата“, рече Клоп.

Ерата на Клоп во Борусија траеше седум години. Откако одмараше одреден период, ја прифати понудата да ја продолжи својата кариера во Ливерпул, станувајќи само втор германски тренер во Премиер лигата по Феликс Магат.

поврзани објави

Последни објави