Се по очигледно е дека Реал Мадрид посакува да го „украде“ Нејмар од ПСЖ. Флертувањето на играчите на Реал Мадрид со бразилецот и понатаму продолжува, а последен кој го „повика“ на Сантијаго Бернабеу е неговиот сонародник Касемеиро.
Нејмар ова лето во шокантен трансфер ја напушти Барселона и го засили ПСЖ за сума од 222 милиони евра, меѓутоа по само три месеци во новиот клуб тој се почесто се поврзува со враќање во Шпанија и трансфер во Реал Мадрид.
Реал, посакува Нејмар да го направи своја идна супер ѕвезда, затоа што Кристијано Роналдо полека влегува во последните години од кариерата. Едно од тактиките која кралскиот клуб ја применува е со испраќање на пофални изјави на нивните играчи на сметка на Нејмар.
Откако Рамос „слаткоречиво“ зборуваше за Нејмар, сега слична изјава даде и Касемеиро.
„Тој е ѕвезда. Точно знае што прави. Голем играч и секогаш е добредојден во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе дојде, но моментално е среќен во својот клуб“, изјави Касемеиро.
„Сакаме најдобрите да бидат кај нас, а јасно е дека Нејмар е еден од најдобрите. Можеби за него беше полесно да отиде во ПСЖ, отколку директно да премине во Реал Мадрид. Тоа се лични одлуки. Никогаш не знаете што ќе се случи, тоа е фудбалот. За него вратите се секогаш отворени. Јас веќе имам добар однос со него“, изјави Рамос.