30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Петмина од кои четири деца од Делчево завршија на Инфективното оделение во Штип.

Денес, на шипското Инфективно оделение завршија четири деца и 42-годишна жена од Делчево.

Причина е влошена здравствена состојба, а хоспитализираните  најпрво се обратиле во делчевската Брза помош.

Сите делчевци имале идентични симптоми – гадење, повраќање, стомачни тегоби, покачена телесна температура и покачени леукоцити, па дежурните лекари се посомневале на труење и ги пратиле на дополнителни испитувања во Штип.

Се работи за четири деца – ученици во деветолетка во Делчево- две 13 годишни, едно 12 и едно 11 годишно дете и 42 годишна вработена во училиштето.

Засега, од Клиничката болница од Штип не соопштуваат каква е здравствената состојба на пациентите и повеќе детали најавија за утре.

поврзани објави

Последни објави