„Последиците од загадениот воздух се повеќе се чувствуваат. Штетните ПМ честички ги напаѓаат дишните патишта и влијаат на порастот на пациенти кои имаат респираторни заболувања. Секојдневно болниците во Република Македонија се полнат, а власта предводена од СДС мува не ја лази.
Се што ветија градоначалниците на СДС во текот на изборната кампања е лага. Наместо да се справат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот.
Ниту СДС ниту нивните градоначалници имаат конкретен план за прочистување на загадениот воздух поради кој секој ден се губат човечки животи.
Згора на сето тоа СДС без тронка срам го укина и Ден на дрвото. Преку токму оваа акција досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност, што е висок процент за ваков тип садници.
Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно алармираат превисоки концентрации на ПМ10 честичките, загадено е низ цела Македонија.
Време е власта и нивните градоначалници да ги засукаат ракавите и да превземат реални мерки со кои ќе се намали екстремната загаденост на воздухот и ќе се подобри живеењето на граѓаните на Република Македонија.“- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ