23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Путин преговарал со проруските бунтовници за можна размена на заробеници со Киев

Рускиот претседател Владимир Путин, синоќа телефонски разговарал со лидерите на проруските бунтовници во Украина за можна размена на заробеници со Киев. Во соопштението на Кремљ се наведува дека Путин и проруските бунтовнички лидери разговарале за иницијативата на Виктор Медведчук за размена на заробеници меѓу Украина и „народните републики Доњецк и Луганск“. Претходна размена на заробеници се случи во септември 2016 година, кога четворица бунтовници беа разменети за двајца припадници украинската војска.

 

поврзани објави

Последни објави