Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, по денешната средба со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис најпрво изрази сочуство и жалење до семејствата на загинатите во поплавите кои зафатија делови од Грција. На средбата било разговарано за прашања од непосреден и заеднички интерес, остварување на заедничките цели и интензивирање на комуникациите помеѓу двете соседни земји. Заев истакна дека прекуграничната соработка, отворањето можности за соработка во туризмот, културата и локалните политики се од голема важност за граѓаните на Македонија и Грција бидејќи директно влијаат на квалитетот на животот. Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис посочи дека на средбата не се опфатени прашања од надворешната политика, туку е дискутирано за соработката меѓу претставниците на локалните власти која е важна за понатамошна соработка меѓу луѓето и земјите.