Аргентинецот Луис Лионел Меси, играч на младата екипа на Барселона, би можел да дебитира за сениорскиот тим на вечерашниот пријателски натпревар кај Порто, кој го отвора својот нов стадион Драгао, јави пред точно 13 години, на 16. ноември 2003. година, аргентинската новинска агенција “Телам“.
Порто тогаш искешираше 250. 000 евра без проблем, бидејќи за разлика од Барса, беше во огромен залет.
Натпреварот беше лош, а Порто победи со головите на Хуго Алмеида и Дерлеиа.
Сепак, најважниот момент се случи пред натпреварот, кога 16. годишниот фудбалер Лионел Меси, го замени Фернандо Наваро.
Чим влезе во игра, Меси ги излуди фудбалерите на Порто со неколку сјајни потези.
https://www.youtube.com/watch?v=A1SJaSKvBhI
Имаше прилика и да постигне гол иако не успеа во тоа. Сето после ова е историја и најубава приказна чиј што крај уште не се наѕира..