fbpx
19.8 C
Skopje

Поднесена кривична пријава против осомничен за убиството на Мартин Јанушев

АКТУЕЛНО

Од МВР информираат дека е идентификуван осомничен за убиството на спортистот, Мартин Јанушев, кој беше застрелан пред неговиот дом во Аеродром. Како што изјави денеска министерот, Оливер Спасовски, против лицето Ф.С. е поднесена кривична пријава за убиство во основното јавно обвинителство. Тој додаде дека постојат несоборливи докази кои укажуваат дека осомничениот го извршил убиството и додаде дека нема докази кои би упатувале дека се работи за нарачано убиство. Од МВР додаваат дека полицијата има сознанија каде се наоѓа осомничениот. По него ќе биде распишана и потерница.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -