8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

IN MEMORIAM: Почина Ханифе Сејфула – Речани, доајен на албанската изворна музика

По тешко болдување, денес во Гостивар почина Ханифе Сејфула – Речани, една од првите и најистакнати изведувачи на изворната албанска музика од Полошкиот регион.

Ханифе Сејфула – Речани го откри нејзиниот талент за пеење на 12-годишна возраст, добивајќи поддршка во нејзиниот музички развој од нејзините наставници. Набргу прераснува во еден од најраскошните гласови на традиционалната албанска музика во Македонија и пошироко.

Некои од нејзините популарни песни беа: “Удираат три дајриња”, “Од Тетово до Гостивар”, “О, Kорабско поле”, “Се качив на бродот”, “Песна на биљбиљот“ итн. Меѓу другото, во јуни 2016 година, ветеранката на албанската песна беше прогласена за почесен граѓанин на Гостивар.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -