3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ФОТО: Преубавата Христина годинава ќе ја претставува Македонија на Мис Модел на светот

Македонија по 12 пат годинава повторно ќе учествува во изборот за „Miss Model of the World“ кој традиционално и годинава ќе се одржи во Кина. Нашата држава Македонија годинава чест да ја претставува доби младата 22-годишна Христина Јанеска.

Нашиот адут за победа веќе од сабота се наоѓа во Шенжен каде ќе се подготвува за големото финале кое ќе се одржи месецов на 25. ноември.  Pogled.mk стапи во контакт со Јанеска која напорно се подготвува за финалето во далечната Кина, но притоа и ужива во благодетите на оваа азиска држава.

„Студент сум на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, отсек новинарство. Во слободно време одам во теретана и играм одбојка. Моите очекувња од изборот нескромно ќе кажам дека се барем една од 10 награди што ги има на „Miss Model of the World“. Самата посета на Кина е едно големо доживување за мене. Нема да биде трагично и ако не освојам ништо бидејки конкуренцијата е голема, има 61 девојка. Овие 20 дена кои што ги минувам овде ќе ги паметам засекогаш, имаме постојана дружба со сите учеснички, многу смеење, а притоа запознаваме и нови култури“, изјави Христина за Pogled.mk

Изборот за „Miss Model of the World“ има традиција од 29 години. На почеток се организираше во Европа, а пред 14 години се пресели во Кина. Македонија во минатото ја имат претставувано низа познати манекенки, а прва наша претставничка беше Наталија Грубовиќ, а потоа и Софија Пеливанова, Маја Шашек, Емилија Розман и многу други.

Човекот кој стои зад сето ова во Македонија е Роберт Граматиков кој повеќе од една деценија, поточно 15 години работи како Национален директор за Македонија, но и држави од регионот (Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина).

(Националниот костим со кој ќе настапи Христина на финалето)

„Освен за „Miss Model of the World“, поседувам лиценци и за повеќе други „Miss“, о кои што би ги издвоил: „Miss Intercontinental“, “Top Model of the World“,  “Lady Universe“ „Miss FTV“,  Miss Bikini Universe“, „Charity Queen“,  „Miss Tourism Planet“,  „Miss Planet“,  „Super Model Universe“ и други. Со нашите мисици и модели сме имале многу успешни настапи, а најголемо достигнувае е во Кина каде што победивме во изборот на „Miss Bikini Universe“. со Марјана Станојковска. Потоа победа на „Miss Motors“ кој се одржа во Италија, а Македонија ја претставуваше Љиљана Илиеска. Имаме и многу друг награди, први придружнички и слично“, изјави Граматиков за Pogled.mk.

(Вечерна тоалета со која ќе настапи во финалето, Јанеска)

Вечерната тоалета и националниот костим кои што ќе ги носи нашата Христина на финалет со изработени од дизајнерката Наталија Накова од модната куќа „НАНА“. За настапот во Кина, Јанеска се подготвуваше во финес и спа центарот „Sinergy“.

поврзани објави

Последни објави