fbpx
6.8 C
Skopje

Дел од опозицијата во Делчево ја напушти Седницата на Советот

АКТУЕЛНО

Дел од опозициските советници ја напуштија првата Седница на делчевскиот Совет. Тие се налутија, бидејќи не добиле места за нивни претставници во УО на училиштата и на ЈПКД Брегалница.

  • Причина да ја напуштиме седницата е што во исто време се ставаат 8 членови на училишни, управни или надзорни одбори од кои во ниту еден не е ослободен за опозицијата. Целта ни е да имаме отчетност и увид во работата, а не да немаме никаков пристап. На претходна координација ни беше кажано дека можат да ни дадат само еден член во УО на ЈП, вели Сашко Ивановски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Овој потег на опозицијата за мнозинството е несериозен и неконструктивен.

  • Тие не дадоа свои предлози за членови, дали поради тоа што немаат кадри, но овој потег не е сериозен и не е во интерес на граѓаните, вели Драган Маневски, претстедател на Совет на Општина Делчево.

Пред напуштањето на Седницата, советниците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата бараа да се зголемат за илјада денари сите стипендии кои општината ги дава на одличните ученици и студенти.

  • Една од причините за напуштање на седницата е неприфаќањето на нашите предлози за да се покачат стипендиите за илјада денари што е во интерес на сите граѓани, вели Сашко Ивановски, советник од ВМРО ДПМНЕ

Ошпштина Делчево 10 години доделува 24 стипендии на ученици и студенти, а годинава за прв пат има зголемување кај стипендиите за талентирани средношколци, потенцираа од Општина Делчево.

  • Износот на стипендии воопшто не е скратен,илјада енари било и претходните години, додека за талентирани ученици има сега зголемување на стипендијата за 500 денари, вели Сузана Петровска, Одделение за правни и општи дејности.

За градоначалникот Трајковски предлогот на опозицијата е политиканство и популизам.

  • Ова е соодветна сума која може да ја исплати Општина Делчево по 8-годишното расипничко однесување на ВМРО ДПМНЕ. Наредната година да водиме сметка да бидат финансиски зголемени стипендиите, вели Горан Трајковски, градоначалник на Општина Делчево.

На првата седница на Советот беа формирани општинските Комисии, а едногласно беше усвоена Одлуката за изградба на улицата „Орце Николов“во населбата Шумски расадник, во должина од 592 метри.Средствата во висина од 4,8 милиони денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општината за 2018 година.

Повеќе за ова на ТВ СТАР 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -