1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Димитров: Авантурата со антиквизацијата беше резултат на едно големо неразбирање за тоа како функционира светот

Во основа прашањето за спомениците е предмет на јавна дебата. Мислам дека како што нам не ни е право, кога чувствуваме неправда од некои наши соседи, така треба да гледаме како на нашите постапки гледаат нашите соседи.

За да дојдеме во контекст каде што ќе бидеме малку порамноправни по ова прашање, ние треба да дадеме аргументи дека сме многу сериозен кандидат кога станува збор за интеграциите. Срамно е Македонија да биде блокирана. Затоа, домашните реформи мораме да ги завршиме темелно. Тоа е процес. Многу е важно Македонија да биде во позиција каде ќе даде причина зошто да биде поддржувана. Вториот сегмент е да ги одземеме аргументите на тие кои што сметаат дека блокадата е исправна политика.

Јас лично мислам дека таа авантура со антиквизацијата беше резултат на едно големо неразбирање за тоа како функционира светот, тоа беше авантура која покрај значеше губење разбирање од пријатели и соседи, туку дури и дома треба да се дискутира, дали ова ни користеше дома. Ние во име на одбрана на идентитетот, без некоја поголема општествена дебата, влеговме во приказна на антиквизација, која историски, нивните претходници на тоа движење ова го доживувале како напад. Да ја сведеме битката на името на античката приказна, кој има поголема основа и причини да кажеме да тврди нешто околу Александар Велики е неодговорна политика. Кога имате проблем со држава која е помоќна од Вас, вие треба да го изберете полето, бидејќи на вас ви требаат пријатели, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров во гостувањето на телевизија Телма одговарајќи на новинарско прашање за евентуална дислокација на споменици или нивно евентуално рушење.

поврзани објави

Последни објави