30.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

ВИДЕО: Бил Гејтс планира да гради технолошки град

Сопственикот на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс откупи земјиште во Аризона вредно 80 милиони долари, на коешто има намера да изгради свој град.

Белмонт Партнерс, компанијата за недвижнини на Бил Гејтс, ја купи парцелата која се наоѓа на осумдесет километри западно од градот Феникс. Зафаќа 10.100 хектари, а милијардерот планира овде да подигне „паметен град“, што ќе го нарече – Белмонт.

Идејата е тоа да биде центар за комуникациска и секаков друг вид најсовремена технологија – високобрзински дигитални мрежи, бази на податоци, нови методи на производство и дистрибуција, автономни возила и самостојни логистички платформи…, се наведува во соопштението на Белмонт Партнерс.

Новиот град ќе се наоѓа близу автопатот Интерстејт-11, кој води кон Лас Вегас.

поврзани објави

Последни објави