3.8 C
Skopje
Wednesday, November 29, 2023

Наздравје за тројцата титани на 80 години

Тројца гиганти оваа година навршуваат 80 години. Тие се предводени од непобедливиот Џек Николсон. Чичко Џек наполни 80 години во април и најави дека се враќа во игра на големото кино со нова улога, нешто што не го направил од 7 години. Следат Дастин Хофман и Џејн Фонда.
Мадам Фонда ќе наврши 80 години во декември.

Џек Николсон
Џек Николсон

Џек Николсон е еден од најголемите актери на сите времиња. Тој има вкупно 12 номинации за „Оскар“, од кои освои 3. Колку и купишта награди да му дадат сепак, ниту една од нив не може да опфати огромниот талент кој Николсон го носи во себе. Од изборот на улоги на нивниот екран, Џек е ненадминлив титан. По долгогодишната пауза се појави информација дека Џек Николсон ќе земе учество во американската верзија на германскиот хит, номиниран за “Оскар” – “Тони Ердман”. Кога зборуваме за Џек Николсон е многу  тешко да се одберат неговите најдобри улоги. Crème de la Crème на неговото творештво сепак се неколку улоги. Easy Rider е улогата со која е редно да стратираме, од проста причина дека глумењето на Џорџ Хенсон од 1969 година му ја носи првата номинација за “Оскар”. Шест години подоцна, тој зема учество врвниот нео-ноар филм „Кинески кварт“  на Полански. Вулгарниот, полн со страст и цинизам детектив Џејк Гитс е една од најдобрите изведби во филмовите за детективи, токму поради Џек Николсон. Тој е номиниран повторно за Оскар, но наградата ќе ја земе следната година со филмот “Лет над кукувиче гнездо” на Милош Форман. Полскиот режисер го вади најдоброто од Џек до моментов и го прилагодува откачениот роман на Кен Киси по исклучително прецизен начин кон талентот на Николсон. Крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите е сигурно најсилниот период во креативноста на Николсон.
Година по сликите на “Лет над кукувиче гнездо” тој учествува во филмот “Shining” на Стенли Кјубрик. Режисерот создава врвно хорор ремек дело. По оваа улога Џек Николсон се бетонира како еден од најдобрите актери на својата генерација. Низ годините мистер Џек работи со врвни режисери од калибарот на Мартин Скорсезе во филмот “Од другата страна”, Џејмс Брукс, во Terms of Endearment кој му носи на Николсон втора награда “Оскар”.

Дастин Хофман

Само пред неколку месеци Хофман наполни 80 години,  а само пред еден месец беше обвинет за сексуално малтретирање од писателката Ана Греам Хантер. Дастин Хофман е титан на актерската игра, тој е еден од ѕвездите на Холивуд, за кои важи дефиницијата “камелеон”. Дастин Хофман го напушта колеџот во 1956 година, бидејќи има слаби оценки. Тој се запишува на курс по глума и во рамките на година наоѓа работа во Columbia Pictures како човек кој одговара за реквизитот. Уште тогаш одлучува да започне да глуми, бидејќи смета дека работата од 9 до 5 во канцеларија или друг тип труд во областа на услугите, не е за него. На почетокот од својата кариера тој прифаќа скоро сè што му е понудено, работи напорно и нема никакви скрупули. Официјално, кариерата на Дастин Хофман започнува во 1961 година, со две помали улоги. Неговата извонредна амбиција го води до неговата прва голема улога – онаа во „Апсолвентот“. Хофман си гради прекрасен имиџ на заводник и шармер кој е речиси принуден да учествува во неконвенционален љубовен триаголник за да го обезбеди својот опстанок. Таа улога му ја носи и првата номинација за Оскар и го става неговото име таму каде што припаѓа – меѓу најдобрите во Холивуд. Низок со некласичен убав изглед, Дастин Хофман влегува во серија, која подоцна некои ќе ја дефинираат како златната доба на неговите транформации. Следува уште една голема улога, таа во филмот Little Big Man.  Од заводник, до комичар или криминалец, промените на Хофман се осетливи. Подоцна се појавуваат ремек делата “Целата војска на кралот”, “Крамер против Крамер” и, се разбира “Rainman”.

Џејн Фонда

Џејн Фонда е поранешен фотомодел и гуру во светот на женската аеробика, денес таа е кино легенда. Џејн Фонда ќе наполни 80 години во декември, но личи на порцеланска статуа која стои гордо на својот пиадестал во Холивуд, а зад себе има прекрасна биографија и уште пораскошна филмографија. Од телевизија во кино, седмата уметност ја сака Џејн и таа ја сака неја. Ќерка на друг гигант во киното – легендарниот Хенри Фонда, младата Џејн се претвора во секс симбол и икона за многумина уште пред да е наполни 30 години. Таа е само на 27, кога “Кет Балу” станува хит, а неколку години подоцна учествува во “Боси во паркот” со вечниот Роберт Редфорд, а оваа година на фестивалот во Венеција двајцата го прославија своето прво појавување на филмското платно со нов филм Our Souls at Night. За повеќе од 50 години на екранот, Џејн Фонда може да се пофали дека таа е секс симбол, но исто така и сериозна и умешна актерка. Улогата што ја прави ѕвезда, се разбира, е онаа на Кет Балу. Овој филм и ја носи и првата од 7-те номинации за Оскар.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -