4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Јанева: Очекувам највисока казна за Груевски и Мијалков

СЈО Катица Јанева денеска рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска е повикан во СЈО поради финансиска истрага која се води во нивното обвинителство а која се однесува на земена провизија.

Таа рече дека е направено вештаче на разговорите за кои е поставена надлежност за овие предмети.

Специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека очекува највисоки казни за поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и ексначалникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски кои се обвинети во предметот „Таргет – Тврдина“.

Во споениот предмет „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

Станува збор за случај поврзан со масовното прислушување во УБК, како и уништувањето на опремата за прислушување.

поврзани објави

Последни објави