6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

МНР: Со ЕК на дневна основа ги расчистуваме сите дилеми и прашања

Владата има дневна отворена комуникација на сите нивоа со Европската комисија. Се расчистуваат дилеми и прашања, искрено и директно. Впрочем, реализирани се повеќе реформски чекори што се гледа и од изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје.

Фокусот до крајот на годината ќе биде на спроведување на планираното, велат од МНР за МИА во врска со наводите во одредени медиуми дека Брисел ја упатил првата отворена критика за македонската Влада.

Според нив, Европската комисија преку македонската амбасада во Брисел од новата Влада побарала реализација на итните реформи од планот 3 – 6 – 9.

поврзани објави

Последни објави