11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Патријархот Неофит и Радев: Бугарија и БПЦ се единствени во желбата за продлабочување на односите со Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска се сретна со бугарскиот патријарх Неофит и двајцата изјавија дека Бугарија и Бугарската православна црква се единствени во желбата за развој и продлабочување на односите меѓу Бугарија и Македонија.

Неофит го уверил Радев дека Бугарската патријаршија бара решение за успешно затворање на ова прашање.

Темата за автокефалноста на МПЦ ќе биде разгледана од Светиот Синод на БПЦ утре, како и од останатите помесни православни цркви.

поврзани објави

Последни објави