14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Милошоски до Заев: Владата нема капацитет за покачување на платата на здравствените работници

Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски му постави прашање на премерот Заев зошто се уште нема назначено нов министер за здравство, на што доби одговор дека пред 10 дена официјално се завршени изборите и тоа е премал период за да се избере нов министер.

– Во наредните денови ќе се избере нов министер, а до тогаш работата ќе ја врши заменикот, рече Заев.

На ова Милошоски реплицираше дека нема министер повеќе 10 дена, односно екс министерот Арбен Таравари најави дека ќе поднесе оставка уште кога рече дека ќе се кандидира за градоначалник.

– Секоја сериозна влада би преземала мерки за решавање на овој проблем, зошто Владата ова место го уште го држи непополнето. Вие како прв човек на Владата не се чувствувате спремни преку Министерството за здравство да ги исполните условите кои им ги ветивте на вработените, обвини Милошоски.

Тој кажа дека Владата нема капацитет за покачување на платата на вработените во Министерството за здравство и општо за сите здравствени работници.

-Сега кога се направи пресметка дека нема капацитет за покачување се оди на реферирање за 5 отсто што предизвика реакции кај оние луѓе на кои сте им ветиле 15 отсто покачување, рече Милошовски.

Тој рече дека Заев намерно не става нов министер бидејќи така очекува да се покрие друго големо ветување, а тоа е решавање на статусот на специјализантите кои работат деноноќно, а немаат решен статус.

На ова, Заев одговори дека стои позади ветувањата и дека тоа не се причините што се уште нема министер.

-Ќе ги појачаме перформансите на самото министерство и ќе ги дадеме оние 15 отсто кои ги ветивме. Проблемот на специјализантите ќе се реши наредната година со новиот буџет каде има одвоено средства за нив, рече Заев.

Извор: а1он

поврзани објави

Последни објави