Премиерот Зоран Заев ги отфрли како неточни информациите дека Владата досега има ангажирано 120 лица во својот пи-ар сектор. Според него, се работи за вкупно 39 луѓе кои работат за транспарентноста на работењето на Владата, но и од нив, како што рече тој, ќе останат многу помалку. Во врска со предупредувањето од Брисел дека треба да се намали и да се внимава на Секторот за односи со јавност, премиерот одговори дека Владата ги почитува сите препораки што доаѓаат од Европската Унија.