Бразилецот Нејмар, моментално е најскапиот фудбалер на сите времиња, но неговиот карактер од доаѓањето во ПСЖ, се повеќе ги иритира клубските колеги.
Првата звезда на парискиот клуб неделно заработува сума од која просечниот човек би го заболела глава, но очигледно славата му го има заматено мозокот, па во последно време има неверојатни барања од клубот.
Имено, Нејмар одлучил да побара од клубот тој да решава во кој натпревари ќе игра, а кои ќе ги пропушти до крајот на сезоната.
Бразилецот смета дека нема потреба да игра на сите натпревари и доволно е да настапи само во дуелите кои се битни за тимот.
„Нејмар сака привилегии во тимот. Сака тој да одлучува на кои натпревари ќе настапи, наместо тренерот“, тврди извор близок до францускиот клуб.
Очигледно дека бразилецот не е задоволен од тренерот Унај Емери, но исто така и од својот соиграч Кавани, за кого веќе се има пожалено на раководството, бидејќи смета дека шпанскиот тренер го фаворитизира уругваецот.