14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ГРАБЕЖ: Меси стрелаше, само судијата не виде дека топката ја минала гол-линијата

Жорди Алба спречи пораз на Барселона во Валенсија, но мечот на „Месталја“ ќе се одвиваше во сосема поинаков правец доколку судијата не направеше огромен превид во првото полувреме, не признавајќи регуларен гол на Барселона.

Се играше 30. минута кога Меси силно шутираше, а домашниот голман несмасно интервенираше, топката низ рацете му дојде зад грбот, а потоа и ја мина гол-линијата пред Нето да ја врати во поле. Каталонците почнаа да слават, но судијата ги изненади покажувајќи играта да продолжи.

Не знам како можеше судијата да не види, па јас бев во својата половина и беше очигледно дека топката ја мина гол-линијата“ – прокоментира Алба по натпреварот.

Шпанската Фудбалска Федерација објави дека од следната сезона ќе ја воведе ВАР технологијата токму за спорни моменти, се со цел во иднина да нема вакви катастофални судиски грешки кои директно влијаат врз резултатите на натпреварите

https://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=EkT5w0MdfWg

Извор: Екипа.мк 

поврзани објави

Последни објави