23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ најави протест на 3ти декември

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, го откажа најавениот протест кој што беше најавен за во 19 часот пред Владата на Република Македонија, откако Едмонд Темелко, беше пуште на домашен притвор и го презакажа за 3ти декември во 18 часот.

„На Едмонд Темелко ќе му честитаме и ќе му посакаме добро здравје. Но продолжува и неговата борба за слобода. Продолжува и борбата за слобода на заробената држава Македонија во која што царува мафијата, во која што луѓе секојдневно се убиваат, во која што цели бизниси се рекетираат, во која што автомобилите секојдневно се палат. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ најавува граѓански протест за правда и правдини кој што ќе се одржи на 3-ти декември во недела во 18 часот“, изјави Ѓорчев.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ, на своите профили на Фејсбук, покрај протестот за Темелко, најавија и протести против Законот за двојазичност и Договорот за добрососедство со Бугарија.

поврзани објави

Последни објави