13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Хаос во соблекувална: Зидан се скара со играчите

Фудбалерите на Реал Мадрид викендов успеаа на домашен терен да ја совладаат Малага со 3:2 во натпреварот од 13. коло од шпанската Ла Лига.

Кралевскиот клуб оваа сезона не игра онака како што навикнавме од екипата на Зинадин Зидан, но за Реал најважно беше да ги осои трите бодови од незгодната Малага. Меѓутоа, шпанските медиуми ја пренесуваат атмосферата во соблекувалната во Реал која и не е баш најдобра.

Како што пишува Дон Балон, францускиот експерт и Дани Селабос се скарале во соблекувалната после натпреварот против Малага. Наводно, младиот шпански фудбалер е незадоволен што има многу мала минутажа во Реал Мадрид во кој што пристигна летото од Бетис.

Селабос имаше понуда од Барселона, но на крај одлучи да заигра за Кралевите. Меѓутоа, Јасно е дека Зидан не смета на услугите на овој играч кој тоа отворено го кажа после натпреварот. Наводно, во сето тоа се вклучиле и Серхио Рамос и Иско кој го извлекле Селабос од соблекувалната.

поврзани објави

Последни објави