fbpx
5.8 C
Skopje

Кралевите со нов МЕГА ТРАНСФЕР: Летото стигнува засилување од Манчестер за неверојатни 90 милиони евра!

АКТУЕЛНО

 

Реал Мадрид сака во летото следната година да го купи напаѓачот на Манчестер Јунајтед Антонијо Мартиал (21) и е подготвен за него да понуди 90 милиони евра, соопштија во понеделник британските медиуми.

Во Реал ова лето биле уверени дека ќе успеат да го донесат напаѓачот на Монако Мбаппе, но тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Поразот од битката за Мбаппе ги натера челниците на Реал да ги променат плановите кога станува збор за засилувањата, па одлучијата ја го насочат своето внимание спрема Мартијал кој оваа сезона игра многу подобро во дресот на Јунајтед.

Веќе постигна седум голови во сите натпревари, додека целата мината сезона постигна само осум погодоци.

Повикувајќи се на извори во Шпанија, британските медиуми тврдат дека тренерот на Реал Зинадин Зидан верува дека Мартиал има потенцијал да стане голема ѕвезда и одлично да се вклопи во тимот на момците од Мадрид.

Мартиал во 2015. од Монако дојде во Манчестер Јунајтед – трансфер вреден 65 милиони евра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -