Војводата е крив за се….Ајде да фатиме хронолошки.
Неговата вина е што денешните политичари тргнаа по патот кој тој го трасираше пред 15 години. Секако, вината нема да ја фрли никој кон двете моќни партии кои во преќутен договор го прават сето она што некој им го дава како бесплатен совет веќе деценија и кусур. Војводата беше тука за стадото да го истури бесот кон него затоа што немаат гс и несмеат тоа да го напраат кон двете најмоќни партии 😉 Љубчо не дава вработувања, даваше акал. Го плукаа а преќутно го спроведоа се она што тој им го даде како безплатен совет. Хронолошки…
-Рамковниот договор не е крај на барањата на Албанците. Точно. 2011 и 2014 Груевски два пати го чепна Рамковниот договор со двата Закони за јазици. Народот никогаш не дозна за овој злостор на Мировниот договор заради медиумскиот молк инсталиран од страна на најголемите македонски синови, Николае Груевску. Сега во 2017 пак се чепка тој договор. Секако. За тоа не се криви ни Гујо ни Заев. Војводата е крив!
-Терајте ги вашите деца да учат Албански јазик! Некој ова го сфати како предавство а не совет. Прилог се Законите за јазици 2011, 2014 и 2017. Пак војводата е крив…
-Потребен е компромис за името. Хмм..Пак предавникот Љубчо. Во меѓувреме Антонио, Грујче, Зајко, бараат наставки, додавки, запирки. Пак е Војводата крив. Не оние кои ви тежат по 400 000 и 450 000 гласа. Нив не смеете да им писнете. За продаање муда за бубрези погоден лик е Љубчо. Ќе повторам. Кариерите не ви зависат од него.Затоа сега ќе плаќаме дупло поголем цех од оној кој ќе го пл,атевме 1999 година…Кој е крив?
-Договор со Бугарија и со БПЦ. Аха…Ова е финалето. Бугарофилството на Војводата изумре истиот оној миг, кога неговиот предлог стана реалност 15 години подоцна.
1999 го започна процесот за на нож да го начекаат 90% од оние кои денес го воспеваат. Никој не е крив и за ова. Војводата е крив. Патот кон ЕУ и НАТО го започна како булдожер, иако е 15 години надвор од власта, за народов кој полтронски им се поклонува на големите, да го најде него кривец за да си го надополни недостатокот од прав патриотизам. Војводата е крив за се. Ни вашиот Гујо ни вашиот Зајко. Политичарот кој тежи минорни 25 000 гласа веќе 15 години е виновен зошто е 15 години со визиите пред сите оние кои тежат 1 милион.
Војводата повеќе нема да биде Премиер а и нема големи амбиции во политиката.
Вие и понатаму поклонувајте им се на двете големи, ја ќе му даам респект на ,,малиот” кој немаше влакна на јазикот и го жртвуваше личниот рејтинг за општо добро на земјата. Ете денес е финалето со Црквите. На ова решение аплаудираат оние кои Војводата го крунисаа за Блгарски цар за време на неговиот мандат. Кое лицемерие и Хипокризија. Читајте ги сега оние кои од интерес го величаат делото. Некој го правеше тоа зошто беше блиску до реалноста. Многу далеку од реалноста на Богот Гру и левицата на која не и личи да биде патриотска.И зошто губевте време бе мајку му? Зошто прокоцкавте толку години? Знаете ли каде ќе бевме денес ако го спорведевме овој процес пред 15-20 години?
Дај барем послушајте го во едно нешто. Правете деца! Зошто за 50 години ќе останеме и без предавници и без патриоти. Ќе ни фалат ???
И да…Каде е пасошот негов? Уште не сме го виделе? Како еден од неговите непростливи гревови нели…Пасошот та пасошот.
Булеварко says