Состојки:
- 1 чаша овесни трици
- 1 лажица мелено ленено семе
- 1 кесичка прашок за пециво
- ¼ лажичка морска сол
- ¼ лажичка цимет
- 1 банана
- ¾ чаша растително млеко по избор
- 1 лажичка екстракт од ванила
- кокосово масло
Прелив:
- 2 чаши замрзнати или свежи боровинки
- 3 лажици кафеав шеќер
- 1 лимон (исцеден сок)
- ½ лажичка екстракт од ванила
- ¼ лажичка мелено морско оревче
- 1 лажичка пченкарно нишесте
Начин на приготвување:
1. Во сад измешајте ги овесното брашно, лененото семе, прашокот за пециво, морската сол и циметот.
2. Во блендер измешајте ги бананата, млекото и ванилата.
3. Измешајте „мокрите“ и сувите состојки.
4. Во тава ставете малку кокосово масло и откако се загрее ставете ¼ чаша од смесата. Кога ќе се појават меурчиња, можете да ја превртите палачинката на другата страна. По 1-2 минути, палачинка ќе биде готова.
Прелив:
Во тава измешајте ги боровинките, сокот од лимон и шеќерот. Во посебен сад измешајте го пченкарното нишесте со 1 литар вода. Кога смесата на шпоретот започне на врие, додадете го разреденото нишесте. Мешајте додека сосот се згусне, потоа тргнете го од шпоретот и сервирајте.
На здравје!