Барселона го чека враќањето на Дембеле. Тој е близу на тоа да заигра, односно да биде потполно подготвен. Но, тоа не значи дека Барселона повторно ќе игра во систем 4-3-3 бидејќи Ернесто Валверде планира нешто друго. Тој сака да го намали притисокот на Луис Суарез и тоа на начин кој нема да му се допадне на Уругваецот. Имено, тренерот на Барселона верува дека “El Pistolero“ е неподготвен, дека колената го мачат поради дебелината и планира со посебен режим на тренинг да го врати во оптимална форма.
Ова ќе значи дека ДЕмбеле практично ќе влезе на неговото место, ќе ги сменат позициите со Меси, а нормално Барса ќе игра со два напаѓачи.
Валверде, според каталонските медиуми, го привлече вниманието на Суарез дека тој лошо се движи, дека често се наоѓа во офсајд и верува дека Уругвајецот молчи за неговите болки се со цел да би играл и да му помогне на својот тим.
Враќањето на Дембеле ќе му даде нова опција на Валверде, а неприкосновениот Суарез веројатно ќе биде помалку присутен во првиот тим на Барса во наредниот период.