fbpx
11.8 C
Skopje

Груевски собра повеќе лајкови на ФБ отколку поддржувачи пред основен суд (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Денешниот повик за протест пред основниот суд Скопје до граѓаните од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е неуспешен. Имено, денеска по приведувањето и распитот на 36 луѓе меѓу кои и функционери и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ги повика сите граѓани кои не се согласуваат со, како што рече, антидржавната политика на СДС да ги поддржат пред основниот суд Скопје.

Од фотографијата може да се забележи дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот пост во кој што ги повикува граѓаните на протест имал над илјада лајкови, бројка која реално не можеше да се забележи на денешниот протест пред основниот суд Скопје, каде што не беа присутни повеќе од 300 приврзаници, членови и функционери на најтесното раководство на партијата.

 

 

Спиро Ристовски и Сашо Стефаноски
Спиро Ристовски и Сашо Стефаноски

Никола Груевски
Никола Груевски

Фото

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -