5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Потерници и апсења на Ѓуленисти во Турција

Обвинителството во Истанбул издаде потерници за 360 лица кои се осомничени дека се поддржувачи на проповедникот Фетхуллах Ѓулен. Тие главно се турски воени лица, за кои се претпоставува дека учествувале во обидот за државен удар од јули 2016-та. Во моментов во тек е операција за нивното апсење во 49 области на земјата.  Издадена е наредба за апсење на уште 10 лица кои во моментов се наоѓаат во странство. Тие се од т.н. “имами” како во случајот треминот се користи не за верски лица, а за повисоките членови на движењето на Гулен. 216 од веќе уапсените воени биле на активна служба, во турските воено-воздушни сили. Анкара и турскиот претседател Реџеп Ердоган го сметаат проповедникот Ѓулен за главен организатор на обидот за преврат.

поврзани објави

Последни објави