„Хунтата на власт управувана од СДС спроведува класичен партиски реваншизам и брутален политички притисок.
СДС го злоупотребува судството за креирање на неосновани обвиненија за наводен тероризам против искрени патриоти.
Сите институции се ставени под партиската чизма, а во функција на реваншизмот кој се спроведува. Институциите наместо да го спроведуваат законот, ги спроведуваат партиските наредби.
Партиското судство врши нарачан удар врз сите слободномислечки Македонци, кои и кажаа не на Тиранската платформа.
Законите се деградирани, а правната држава не постои.
Контролираното судство од СДС одобрува нарачани притвори за луѓе без основни елементи на кривичното дело кое им се става на товар, а повторува предмети како „Монструм“, каде беа убиени 5 момчиња, а се најавува меѓународна истрага за терористите од „Диво Насеље“ кои убија 8 припадници на македонската полиција.
Власта става во затвор, уметници, актери, режисери и луѓе кои целиот свој работен век го посветиле на одбрана на државата, додека во исто време изготвува закон за амнестија на над 1.000 затвореници, извршители на тешки кривични дела.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира и да ги блокира крстосниците низ град Скопје се додека трае овој атак врз Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.