14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Барањата за притвор на пратениците ќе се разгледуваат во Собрание

Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања денеска ќе расправа за барањата за притвор за шестте пратеници на барање на Основниот суд Скопје 1.
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вчера согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28 ноември 2017 година. Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето. За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство.

поврзани објави

Последни објави