23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Павлова: Бугарија ќе се потруди да ги доближи земјите од Западен Балкан до ЕУ

Бугарија ќе вложи напори за повеќе инфраструктурни, енергетски и други проекти за приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија, кога ќе го преземе шестмесечното ротирачко претседателство со блокот во јануари. Ова го објави министерот за бугарското претседателство со ЕУ, Лилјана Павлова во интервју за Ројтерс. Според Павлова, поблиската соработка со земјите од Западен Балкан, вклучително во безбедноста и миграцијата, е клучна за мирот и стабилноста во ЕУ. “Мирот, спокојството, стабилноста и иднината на Европа минуваат низ Западниот Балкан, европскиот проект нема да биде завршен без нив”, рече Павлова за Ројтерс.
“Ние не сакаме да даваме надеж, но ќе ги поддржуваме со инвестициски проекти, така тие ќе се чувствуваат дел од европското семејство, ова е европската перспектива за која зборуваме”, рече Павлова.

Самитот во мај

 

поврзани објави

Последни објави